Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ триумфално се врати на теренот и со резултат 2:0, по сетови 6:3, 6:3 го совлада Италијанецот Лоренцо Музети на стартот на турнирот во Дубаи. Ова е прв меч на Новак во 2022 година по онаа сага во Австралија кога чекаше да заигра во Мелбурн но не му дозволија и се врати дома.
Инаку Ѓоковиќ го суреди противникот за 1 час и 15 минути, а во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот Хачанов – Де Минор кој се игра утре изутрина.