Во август 2021 година Александра Бургхарт трчаше полуфинале на 100 метри на Летните Олимписки игри во Токио, а потоа беше петтопласирана на 4х100 метри на штафетната трка. Во февруари 2022 година го тандем со Маријама Јаманка го освои сребрениот медал во бобсанкање на Зимските Олимписки игри во Пекинг.
Учества на две Олимпијади во период од шест месеци. Бургхарт претходно имала неколку понуди од бобтимот на Германија но ги одбивала. Сепак, по Игрите во Токио прифатила да биде дел од тимот кој се подготвува за СП во декември и за ЗОИ во Пекинг во февруари.
Во септември одлучила дека е време да се проба и во друг спорт. Федерацијата ги спои со олимписката првенка Јаманка. Два дена по првиот тренинг, Бургхарт била пријавена за настап на СП освојувајќи го второто место во Винтерберг и Алтенберг.
А Германките отидоа во Пекинг со статус фаворити за медали. Бургхарт и Јаманка го освоија сребрениот медал.
Историјата познава 140 случаи на спортисти кои учествувале и на Летните и на Зимските Олимписки игри. 40 од нив се атлетичари кои подоцна се префрлиле во боб санкање.
Американката Силвија Хофман ги напушти игрите во Пекинг со бронзен медал во боб санкање, а претходно играла кошарка и се занимавала со кревање на товар.