Majсторите од „Мапеи“ повторија италијански рекорд стар 66 години

134

Сасуоло направи уште една сензација вчера во рамките на Серија А со тоа што го совлада Интер на гостински терен. Тимот од „Мапеи“ стадионот успеа да го турне италијанскиот шампион на „Меаца“ иако се чинеше дека нема шанси да го направи тоа. Сепак, победи и стана првата екипа после 66 години која успеала во една сезона на Серија А да ги совлада во гости и Јувентус, и Милан и Интер.

Сасуоло го победи Интер со 2:0, во ноември минатата година го совлада Милан со 3:1, а во октомври славеше во Торино над Јувентус со 2:1.

Такво нешто направила Фиорентина во сезоната 1955/56.

„Зелено-црните“ имаат фантастична сезона, да потсетиме дека одиграа 2:2 со Наполи, го победија Лацио со 2:1…

Во наредните осум кола Сасуоло ќе игра против Лацио, Аталанта, Каљари, Јувентус, Наполи, Удинезе, Болоња и Милан.

ПретходноБитолчани уриваат рекорди: Пелистер 20 меча во серија или 9 месеци е без победа во ПМФЛ!
СледноВо Јуве меѓусебе се повредуваат: Какви “клизачи“…настрада Рабио! (ВИДЕО)