Ајакс ќе му плати на Нури 7.8 милиони евра отштета

1059

Ретко кој од фудбалскиот свет не ја знае приказната за талентираниот играч на Ајакс, Абделхак Нури кој своевремено беше еден од најголемите таленти на холандскиот гигант но ненадејно доживеа срцев удар на еден пријателски меч и потоа неговиот живот потполно се промени. Тој излезе од кома дури по една година од случката, комуницираше само со поглед со неговото семејство, а четири години подоцна, Ајакс конечно се согласи да му исплати 78. милиони евра отштета, како и да ги покрие сите трошоци за неговото досегашно лекување.

Нури веќе одамна не е во болница, туку се поправува во домашни услови покрај своето семејство.

ПретходноБабунски: Ќе продолжам онаму каде што застанав во Бугарија
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Пепи Горгиев е вистинска “гол – машина“…