Бабиќ: Да го дадеме најдоброто од себе на мечот со Кадетен!

96

Во среда во Битола се игра мечот меѓу Е. Пелистер и Кадетен Шафхаузен во рамките на Европската лига во ракомет. Ова е уште еден тежок европски меч за битолчани во серија.

По поразот од Ним, сега на ред е мечот со тимот од Швајцарија, шанса за уште едно ново докажување на квалитетите на битолчани.

Во пресрет на тој меч, стратегот на битолчани Жељко Бабиќ истакнува…

Се подготвуваме, го анализираме противникот. Видовме кои се неговите специјалности, на кои позиции се добри. Низ тренинзи и анализи ќе се обидеме да го најдеме најдоброто за нашето издание за мечот со Кадетен. За разлика од минатата година, сега сме во полесна позиција на табелата. Но спортот ги признава само победниците, па затоа и јас и играчите на таков начин се подготвуваме“’

Тој се осврна и на минатиот меч со Ним…

Кој го следи Е. Пелистер ќе видат дека играчите имаат страшен карактер, ангажман и дисциплина. И покрај проблемите кои ги имавме во Франција, тие покажаа ментален интензитет. Не сум задоволен од поразот, но задоволен сум од тоа што сите ние дадовме се од себе за да победиме, но не успеавме. Сепак покажавме вистински карактер, нешто што го краси Е. Пелистер оваа година“ изјави стратегот на Е. Пелистер.

ПретходноМагдевски во трка со времето: Со медицинскиот тим правиме напори да играм во Скопје!
СледноМандалиниќ: Знаеме со кого ќе си имаме работа, но Е. Пелистер има што да покаже!