Леванте не успеа драстично да го намали бодовниот дефицит во однос на конкурентите за опстанок откако вечерва одигра реми против Селта и тоа во Виго. „Лилјаците“ за кои цел меч одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди успеа да освои бод со гол во финишот на мечот.
Серви во 67. минута ја доведе Селта во водство, а изедначи Роџер Марти во 82. минута. Селта е 9-та на табелата, а Леванте е последен со 15 бодови, пет помалку од двете екипи пред него и девет помалку од Гранада која е прва над опасната зона.