На Масимо Алегри уште тоа му недостигаше во пресрет на утрешниот дуел од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите кај Вилјареал. Имено на денешниот утрински тренинг се повреди Адриен Рабио, играчот за врска на Јувентус, и тоа се повреди по една несмасна интервенција на Диего Страмачони, играч од вториот тим на Јуве. При една вежба, популарно наречена „шева“, Страмачони со невидени “клизачи“ му отиде на Рабио кој остана да лежи долу на теренот, потоа мораше да интервенира и докторскиот тим на Јуве. Се уште не се знае Рабио е потешко повреден или не.
Stramaccioni vs Rabiot in training today 😬 #Juventus
pic.twitter.com/kApb24goek— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) February 21, 2022