Неверојатна средба, нешто што ќе влезе во историјата на фудбалот, на женскиот фудбал. Имено на натпреварот на женските репрезентации на САД и Нов Зеланд во рамките на турнир во САД, се случи нешто неверојатно, а на тој натпревар сведок бепше и Македонецот Влатко Андоновски, кој е селектор на американките.
Имено репрезнтативката на Нов Зеланд Меикајла Мур, инаку фудбалерка на Ливерпул, за само 30 минути си постигна хет-трик од автоголови. Несреќната Мур трипати си ја тресеше сопствената мрежа. Прво во 5.минута, потоа една минута подоцна стрелаше одново за да “печат“ стави во 36. минута со својот трет автогол. Потоа во 40.минута во солзи побара да биде заменета и искочи од игра.
Инаку самиот натпревар заврши со триумф на девојките на Андоновски со 5:0.
ФОТО: Twitter