Откриено што му рекол Мурињо на судијата по црвениот картон со Верона

502

Португалскиот стратег Жозе Мурињо доби црвен картон за време на натпреварот меѓу Рома и Верона викендов поради што тој може да добие две или три натпревари суспензија поради зборовите што ги упатил кон главниот судија и неговите помошници. „Волчицата“ губеше со 0:2 пред да изедначи, но Мурињо го загуби трпението па доби црвен картон во 90 минута. Според „Ла Стампа“ тренерот му се развикал на судијата: „Од Јувентус те испратија, така?“.

„Бјанконерите“ и Рома се во групата на тимови кои се борат за четвртото место, кое е последното кое води во групите на Лигата на шампионите. Торинскиот тим е четврти на табелата со шест поени пред Рома која е на осмата позиција.

ПретходноЕлмас и Наполи во финишот спасија бод на Сардинија (видео)
СледноУдар за Барселона – Депај сака да го раскине договорот!