Наполи одигра само 1:1 против Каљари во Серија А поради што тренерот Лучано Спалети беше нервозен за време на мечот. Неговиот тим губеше со 1:0, па се спаси со гол во финишот. Фудбалерите на Наполи одиграа лошо, па на крајот можат да бидат и задоволни со овој бод.
Камерите уловија една интерсна ситуација пред крајот на првото полувреме. Спалети му се дереше на Елмас, а од друга страна македонскиот интернационалец не реагираше туку со главата надоле се упати кон соблекувалната додека тренерот продолжи да вика.
Причината веројатно лежи во тоа што Елмас воопшто не ги оправдал очекувањата на Спалети во првиот дел.