ТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Пепи Горгиев е вистинска “гол – машина“…

632

Дури сега се гледа зошто А. Пандев инсистираше токму Пепи Горгиев да биде замената за Мартин Мирчевски. Иако во игра беа уште неколку клубови, Горгиев се реши да ја продолжи кариерата меѓу “пандевци“, и во првиот меч во Струмица, новото засилување во нападот покажа дека е вистинска “гол – машина“. За само 29 минути на Скопје му даде три гола и затоа без конкуренција е најдобриот играч во 20.коло или играчот на колото.

Македонија ЃП оствари победа кај силната Ренова, стрелецот Воша, дефанзивецот Мишевски и голманот Стевковски даваат тон на играта на “лавовите“. Шкендија го победи Борец со 0:3 во Велес, а во тимот на колото се Маркоски и Кривак. Шкупи славеше над Работнички со голот на Радески, а добро одигра и Маргвелашлили. Љамчевски постигна супер – гол за победа на Тиквеш во Кавадарци. Босанчиќ од Струга ТЛ стрелаше мајсторски во голот на Брегалница за 1:1, а Мартин Стојанов пак на истиот меч постигна убав гол за водство на „сините“.

ИГРАЧ НА КОЛО
ПЕПИ ГОРГИЕВ
Тим: А. Пандев
Роден: 04.10.1994 во Гевгелија
Кариера: Кожуф, Беласица, Брегалница, Силекс, Теута (АЛБ), А.Пандев

 

ПретходноАјакс ќе му плати на Нури 7.8 милиони евра отштета
СледноЕриксен двоен асистент против Ренџерс