Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев освои уште еден трофеј со словенечкиот состав АЦХ Волеј Љубљана. Вчера во финалето на Централно-европската лига (МЕВЗА), словенечкиот тим предводен пд нашиот поентер славеше над Младост од Загреб со 3:1.
За Ѓорѓиев ова е втор трофеј по доаѓањето во Словенија, откако претходно го освои и словенечкиот СуперКуп. Во синоќешното финале со Младост, нашиот најдобар одбојкар реализираше фантастични 23 поени и беше најдобриот поентер на мечот.