Македонската кошаркарска репрезентација на 24. овој месец и гостува на Грузија во рамките на 3. коло во првата фаза од квалификациите за пласман ан Светското првенство следната година.
Пред денешниот собир, селекторот Драган Бајиќ се соочува со проблеми. По Дамјан Стојановски, кој уште вчера најави дека нема да игра против Грузија, во составот ќе го нема ниту Андреј Магдевски. Најдобриот македонски кошаркар за изминатата година ќе го пропушти двомечот со Грузија поради повреда со која се здоби во романскиот шампионат. Останува мала шанса, да биде во составот во Скопје.
Покрај двајцата репрезентативци, Бајиќ од стандардните играчи нема да смета и на Адем Мекиќ, кој се повреди во Купот на Македонија.
Добра вест е што, во „црвено-жолтиот“ дрес се враќа Ненад Димитријевиќ, кој ќе игра на реваншот во Скопје, кој е закажан за 27. овој месец.
Кошаркарите вечерва се собираат, додека утре патуваат за Тбилиси, Бајиќ на располагање ќе има комбиниран состав. Ќе ги нема ниту Лука Савичевиќ и Андреј Јакимовски од поширокиот список.
Македонија во ноемврскиот прозорец запиша два порази, од Шпанија на домашен терен и од Украина на гости.