Дарко Чурлинов е во идеалниот тим на колото во втората Бундес- лига. Имено Македонецот по одличниот настап за својот Шалке во мечот со Падерборн, на кој постигна и убав гол, во изборот на престижниот “Кикер“ се најде меѓу најдобрите единаесетмина на ова коло. Настапот против Падерборн беше еден од најдобрите на нашиот репрезентативец откако е во Шалке.