Доријан Бабунски во тимот на колото во Унгарија!

159

По одличната игра и двата гола во дресот на Дебрецен против составот на Пушкаш, Доријан Бабунски се најде во тимот на колото во елитната лига на Унгарија. Да се потсетиме, Македонецот ги постигна тие два гола за победа од 0:2 за Дебрецен. Уште еднаш потврди дека е во добра форма и ова може да го радува нашиот селектор Благоја Милевски во пресрет на бараж мечот со Италија.

Инаку Доријан оваа зима направи трансфер од Ботев Враца во Дебрецен, каде сега заедно игра со својот брат Давид.

ПретходноСкопјанецот Козлов падна на теренот, почна да се грчи, па потоа го победи Димитров! (ВИДЕО)
СледноОбрван: Добро го познаваме Вардар, нашата цел е победа!