Ни соиграчите веќе не го поднесуваат, Данило му се изнавика на Меси! (ВИДЕО)

3920

Не е тајна дека во Барселона Лео Меси воопшто не играше во дефанзивата. Просто си се шеташе по теренот кога противникот беше во напад. И тоа се толерираше, секако дека така е и кога Меси игра за репрезентацијата.

Но, не е така во ПСЖ. Имено Лео се обидува да го наметне својот стил и во тимот од Париз, но соиграчите а посебно Португалецот Данило имаше и тоа што да му каже. Имено на мечот со Реал Мадрид по една негова грешка Меси не реагираше и не се врати во дефанзивата, па контрата на “кралевите“ мораше да ја спречува Данило кој притоа заработи и жолт картон. Следуваше „урлање“ и викање од Данило до Меси. Ретко видена сцена наназад 20 години откако Меси игра професионален фудбал.

ПретходноЗајков за “Телма“: Засега останувам во Украина! (ВИДЕО)
СледноПобеда за мерак: Георгиевски триумфално против Гркот Ангелопулос!