Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој и еден од најдобрите таеквондисти во светот, забележа мераклиска победа во првото коло на „Президент Купот Г2“ кој се одржува во Тирана. Имено Македонецот успеа да го победи Гркот Ангелопулос и тоа со 12:11 на поени.
Интересно е тоа е дека ако Георгиевски стигне во финалето, ќе може да налета на Владислав Ларин од Русија, од кого загуби во финалето на ОИ во Пекинг минатата година.