Фудбалската федерација на Македонија организираше семинар за доктори и физиотерапевти кои работат во клубовите од МФЛ и нашите националните селекции.
На дводневниот семинар одржан во хотел „Хилтон“, учествуваа вкупно 62 медицински лица.
Предавачи на темите поврзани со дијагноза и третман на повреди во фудбалот беа Невзат Јонузи – спец. општа хирургија, Илија Стоилов – спец. спортска медицина, Небојша Настов – спец. трауматологија, Андреј Николовски – спец. дигестивна хирургија, Михајло Ивановски – спец. трауматологија, и Александар Савески – спец. трауматологија.