Новак Ѓоковиќ после 80 дена се врати на терените и дојде до победа. Без никаков проблем српскиот тенисер го совлада Лоренцо Музети со 2-0 на стартот на турнирот во Дубаи.
Иако на теренот се изгледаше добро, особено ако се земе долгата пауза која ја имаше поради забраната да учествува на Австралија Опен, Ноле во еден момент збесна. Наместо да го слави освоениот поен во вториот сет, тој испрати сочни „пцовки“ кон својот тренер, Горан Иванишевиќ, а истите не беше тешко да се дешифрираат.
„Зборувај бе. Зборувај бе п**ка…“, се дел од зборовите на Ноле. На ова неговиот тренер врати со насмевка.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) February 22, 2022