Вардар го доби дербито со Шкендија!

244

Екипата на Вардар победнички тргна во премиерното коло од втората фаза, во плеј-офот во одбојкарското првенство. „Црвено-црните“ го добија дерби дуелот, по четири сета славеа со 1-3 на гостински терен.

Голема драма имаше во сите четири сета, гостите поведоа со 1-0 (22-25), но домашниот состав врати на ист начин (25-22) за израмнување. Следните два сета им припаднаа на одбојкарите на Вардар (25-27 и 23-25) за убедлива победа на крајот.

Скопските црвено-црни беа подобри на прием, техничарот Стошиќ ги разигра сите играчи во нападот, па петмина одбојкари имаа двоцифрен број поени, најмногу Иранецот Акбари – 20. Шкендија немаше добар прием, па попуст беше придонесот на коректорот Зеновиќ кој заврши со 31 поен.

Со новите бодови, Вардар е пред Борец на табелата, на четвртото место со скор од 7-4.

ПРВА ЛИГА (М)

ВТОРА ФАЗА 1 / 1. КОЛО

Струмица 47&72 – Лирија          3:0 (25:15, 25:20, 25:20)

Универзитет во Тетово – Борец    3:0 (25:12, 25:18, 25:22)

Шкендија – Вардар 1-3 (22-25, 25-22, 25-27, 23-25)

ПретходноНа „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува „пекол“ за ПСЖ
СледноЗдравствената состојба на Пеле се влошила!