Само 32 секунди му беа потребни на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ да го постигне првиот свој гол во Лигата на шампионите. Тоа се случи вечерва на осминафиналниот дуел меѓу Јувентус и Виљареал на „Де ла Керамика“ во Шпанија. Влаховиќ пред неколку недели направи трансфер од Фиорентина во Јувентус, а ова му беше прв меч во Лигата на шампионите.
По 32 секудни ја затресе мрежата што е најбрз гол во ЛШ постигнат од дебитант. Со тоа го урна претходниот рекорд на Енди Мелер од 37 секунди во поразот на Дортмунд од Јувентус на домашен терен на 13 септември 1995 година.