Жозе ја дозна казната за жестоката реакција кон судијата

252

Тренерот Жозе Мурињо нема да може да ја предводи Рома на два едноподруго натпревари поради казната која ја доби за неговата реакција кон судијата во финишот на мечот со Верона. Рома губеше со 2:0, а потоа даде два гола и извлече бод. Жозе во последните моменти од мечот остро реагираше кон судијата Паирето притоа шутна топка кон трибините. Си доби црвен картон за тоа, а потоа беше откриено дека Португалецот му се обратил на арбитарот со зборовите: „Од Јувентус ли те испратија?“.

Дисциплинската комисија одлучи тој да биде казнет со 20.000 евра плус два меча на трибините што значи дека ќе ги пропушти натпреварите со Специја и Аталанта.

Откриено што му рекол Мурињо на судијата по црвениот картон со Верона

ПретходноПериќ: Заслужено победивме, ова беше тежок меч!
СледноВлаховиќ го постигна најбрзиот гол како дебитант во ЛШ (видео)