„Жолта подморница“ пред Јувентус, Челзи е фаворит против францускиот првак

175

Вечерва продолжуваат осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите, а на програмата се два меча едниот во Шпанија, а едниот во Англија.

Виљареал по 13 години се враќа во осминафиналето на елитното клупско натпреварување, а нивен противник е Јувентус кој е во нокаут фазата осма едноподруго сезона. Виљареал е освојувач на Лига Европа и важи за многу незгодна екипа, па Јувентус ќе има сериозна задача пред себе.

Инаку овие две екипи првпат се среќаваат меѓу себе.

Виљареал се засили зимоска со Серж Орие и Џовани Ло Селсо кои дојдоа од Тотенхем и веднаш се пријавени за настап во ЛШ. Тоа ќе им даде дополнителна сила во пресрет на дуелите со Јуве. А „Старата дама“ доби екстра напаѓач, плати висока сума за Душан Влаховиќ од Фиорентина. А Србинот засега добро се снаоѓа во „црвено-црниот“ дрес, а ова ќе му биде прв настап во меч од ЛШ.

Да кажеме дека Виљареал сезонава играше со една италијанска екипа во ЛШ и тоа во групата се бореше со Аталанта за влез во осминафиналето. Во Шпанија беше 2:2, а во Бергамо „Жолтата подморница“ направи сензација со триумфот од 3:2 и така го освои второто место во групата и влезе во нокаут фазата. За Јуве ова е прв меч со шпански опонент по пауза од две години.

Виљарел нема да се потпре на услугите на Кокелин, Морено и Пена поради повреда, а кај Јувентус повредени се Киеза, Дибала, Пелегрини и Ругани, а под прашалник се Бернардески и Бонучи.

ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН ПРОТИВ „КУЧИЊАТА“ ОД ЛИЛ

А европскиот шампион Челзи на свој терен ќе се сретне со францускиот првак Лил. „Сините“ важат за фаворити и се освен нивен пласман понатаму ќе биде сензација. Лил за прв пат по 15 години е во осминафинале на ЛШ. Во претходното единствено учество во осминафиналето (2007 година) Лил доживеа два порази од Манчестер Јунајтед.

Челзи и Лил два пати ги одмериле силите меѓу себе. Во групната фаза на ЛШ во 2019 година „Сините“ победија со 2:1 и во Франција и на „Стемфорд Бриџ“.

Што се однесува до здравствениот билтен Челзи ќе ги нема на располагање повредените Чилвел и Хадсон-Одои, а неизвесни се Аспиликуета, Рис Џејмс и Мејсон Маунт. Кај Лил под прашалник се Ренато Санчез и Лихаџи.

 

ПретходноФФМ одржа семинар на кој учествуваа 62 медицински лица! (ФОТО)
СледноВалмир Какруки: Јас сум оптимист, овој млад состав може да ја победи Грузија!