Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле пред себе ја има најважната битка во својот живот. Тој последните недели ги мина во болница, а кога се чинеше дека може да оди на домашно лекување, ситуацијата се искомплицирала.

Рутинските прегледи покажале дека има инфекција поради која ќе мора да остане во болница. Легендарниот фудбалер во последните неколку години имаше големо здравствени проблеми, а се почна со операција на колкот, поради која тешко оди.
Лекарите ги прават сите напори за да најдобриот фудбалер на сите времиња да биде во што подобра здравствена состојба, но годините и претходните компликации создаваат нови проблеми.
На Пеле во септември му беше отсранет тумор на дебелото црево, од тогаш редовно оди на хемотерапии.