Е.Пелистер им се врати на победи во Европската лига. На домашен терен битолчани го добија директниот дуел против Кадетен Шафхаузен за второто место во групата Д, славеа со 27-26(15-12). По осмото коло единствениот македонски претставник во ова натпреварување има десет бода.
Во составот се врати Јосип Периќ во вистинско време, беше вистински лидер, со седум погодоци. Зад него беа Табоада и Манадалиниќ со по пет гола. Секељи и Кизиќ поделија по едно полувреме, заедно имаа осум одбрани.
Добра игра на македонскиот првак во првото полувреме. Дуелот почна изедначено, гостите во 11. минута поведоа со 4-6. Но, момците на Жељко Бабиќ брзо влегоа во ритам. Со головите на Табоада, Костески и Маркоски, и одбрана на Секељи поведоа со 8-6 во 18. минута. Филиповиќ го држеше својот тим, одбрани и седмерец, сепак ова не ги демотиривира ракометарите на Е.Пелистер. Периќ и Радовиќ, зголемија на највисоки 14-11 на две минтути до крајот на првото полувреме. Со истата позитива, битолчани заминаа на одморот (15-12).
“Hey, Mirko Radovic! Show us some power!” 🚀
😮🤯😮🤯 #ehfel pic.twitter.com/bSqe5IrezS
— EHF European League (@ehfel_official) February 22, 2022
Е.Пелистер во првата минута пропушти шанса да поведе со плус четири, по што следеше казна. Табоада, а потоа Костески заработија две минути исклучување, па Кадетен израмни на 17-17 во 37 минута.
Кизиќ влезе во серија на две одбрани, Мандалиниќ зголеми на 19-17. Битолчани имаа мал пад, поентираа“ после пет минути, на средината на вториот дел беше 21-18. Не застанаа во 50. минута имаа плус четири (23-19) по одбраната на Кизиќ. По последните 26-22 во 54. минута.
Кадетен предводен од Филиповиќ две интервенции во низа, дојде на минус еден (26-25), период во кој Мандалиниќ промаши од седум метри и направија едно пробивање. Исто, како првата средба, Периќ е јунакот на овој меч, овој пат погоди за сигурна победа на својот тим (27-25), на другата страна погодокот на гостите веќе немаше никакво значење.
До крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола, против Татабања на гости и АЕК Атина на домашен терен.