Клоп: Ништо не е променето по поразот на Сити од Тотенхем

150

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп децидно ги отфрли размислувањата дека сега ситуацијата на неговиот тим е полесна кога станува збор за освојувањето на титулата, поред се поради фактот што главниот конкурент Манчестер Сити, загуби од Тотенхем изминатото коло. Напротив, тој смета дека ама апсолутно ништо не е променето.

„Вистината е дека патував дома кога Тотенхем водеше со 2:1. Отидов дома и не го следев развојот. Бев сигурен дека Сити ќе израмни. Излеговме и возачот беше многу возбуден. Ми рече дека е 2-2, потоа 3-2 и Тотенхем победи. Мојата реакција беше “О!” Навистина…. сепак тоа за нас ништо се менува. Мора ние да победиме. Очекуваме Сити да ги добие своите натпревари затоа што е квалитетен тим. Уште еднаш играме со нив и сигурно ќе сакаме да победиме. Сега, сепак, сакаме само да се фокусираме на мечот со Лидс. Ова е многу тежок натпревар„ – изјави Клоп.

ПретходноЕХФ официјално ги откажа сите мечеви во Украина
СледноПознат датумот за стартот на новата сезона во Серија А