Лазаров не успеа да донесе победа, Нант со реми кај Лемго

144

Нант и Кирил Лазаров пропуштија шанса да дојдат до големи бодови на дуелот против Лемго на гостински терен. Францускиот тим треба да жали бидејќи имаше отворен пат кон победата, водеше и со четири гола разлика, но домашниот тим успеа да се врати и со голот на Елисон да израмни на 37-37. На другата страна Лазаров имаше шут за победа, кој не заврши во мрежата на противникот.

Со еден бод од оваа средба, Нант остана на третото место на табелата зад Бенфика и Гог.

Најдобриот македонски ракометар не се запиша во листата на стрелци имаше два неуспешни обиди, најдобар беше Ривера со 11 гола од 12 обиди.

ПретходноШаќири ќе биде спортски директор на Шкендија
СледноХавиер Тебас: Ако треба и четврти пат ќе се вакцинирам, верувам во вакцините