ЛШ: Челзи ја оправда фаворитската улога, Јуве со реми се враќа од Шпанија (видео)

235

Вечерва се одиграа два натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите. На „Стемфорд Бриџ“ европскиот првак Челзи ја оправда фаворитската улога и со 2:0 славеше над Лил. Головите за „сините“ ги постигнаа Каи Хаверц во 8. минута и Кристијан Пулишиќ во 63. минута. Со тоа „сините“ обезбедија солидна предност пред реваншот во Франција на 16 март.

А на „Де ла Керамика“ Виљареал и Јувентус одиграа 1:1. „Старата дама“ поведе со голот на Душан Влаховиќ уште во 32. секунда. Тоа е дебитантски настап и прв гол во ЛШ за српскиот голгетер.

Но Јуве не ја задржа предноста. Во 66. минута Дани Парехо го изедначи резултатот. Toa e негов втор гол во ЛШ во кариерата, а прв во нокаут фазата. Реваншот се игра во Торино на 16 март.

ПретходноХавиер Тебас: Ако треба и четврти пат ќе се вакцинирам, верувам во вакцините
СледноМилан договорил репрезентативец на Португалија