Милан договорил репрезентативец на Португалија

332

Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез ќе ги смени клупските бои летоска, а италијански „Калчомеркато“ открива дека играчот од средниот ред веќе се договорил со Милан и сака да ја продолжи кариерата на „Сан Сиро“.

Во моментот тој игра за Лил, но со сигурно ќе си замине по завршувањето на сезоната во Франција. Санчез наводно постигнал договор околу личните услови со Милан, но „росонерите“ треба да се договорат со францускиот првак околу трансферната сума.

Лил ќе бара околу 20 милиони евра за правата на играчот.

Санчес е играч на Бенфика, а во 2016 година се пресели во Баерн Минхен каде не се изнаигра. Имаше еден период на стагнација, голем пад на формата и се обидуваше да се врати. Играше и како позајмен во Свонси, а Баерн го напушти во 2019 година кога потпиша за Лил.

Во редовите на Лил ја поврати формата и е првотимец. Се врати и во португалската репрезентација.

ПретходноЛШ: Челзи ја оправда фаворитската улога, Јуве со реми се враќа од Шпанија (видео)
СледноМанчестер Јунајтед одби да патува со руски авион