Мобилизација на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Во една реченица вака можат да се опише она што се случува во последните денови на култниот мадридски стадион.
Мобилизација на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Во една реченица вака можат да се опише она што се случува во последните денови на култниот мадридски стадион.
Додека Карло Анчелоти ја подготвува екипата, раководството на клубот заедно со архитектите, работат на зголемување на капацитетот за реваншот со ПСЖ закажан за 9. март.
Целта е да се зголеми бројот на навивачи за 10.000 места, па бројот на посетители за дуелот од Лигата на шампиони да биде меѓу 62 и 65 илјади гледачи. Според тамошните информации се работи на оспособување на најниските трибини, кои во моментов не се во употреба.
Во Реал Мадрид се свесни дека близината на фановите ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите, а секако и новите 10.000 места ќе донесат и поголема заработувачка.
Инаку, новите трибини треба да бидат отворени на 20. март кога доаѓа Барселона.