Нејмар не сака да се врати во Бразил, но знае каде сака да игра!

344

Нејмар со ПСЖ има договор до 2025 година, со можност истиот да го продолжи на уште една сезона.

Бразилецот во редовите на францускиот тим дојде во 2017 година од Барселона за неверојатни 222 милиони евра и натаму е најскапиот играч на сите времиња кога станува збор за овој спорт.

Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, во својата кариера има освоени бројни трофеи, иако има само 30 години.

Но, Нејмар веќе размислува за својата иднина, каде би можел да ја заврши својата кариера. Тој откри дека шансите да се врати во Бразил се многу мали, како опција е МЛС-лигата каде ќе одигра барем една сезона.

„Не знам дали повторно ќе заиграм во Бразил, имам некои дилеми. Би сакал да играм во Америка, сигурен сум дека ќе поминам барем една година. Кај нив сезоната е доста кратка и ќе имам дури три месеци за одмор„, изјави Немар.

ПретходноПерез го менува тренерот поради Мбапе?
СледноНа „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува „пекол“ за ПСЖ