Нема крај на проблемите во таборот на македонската кошаркарска репрезентација. Селекторот, Драган Бајиќ нема да патува за Тбилиси за првиот дуел (24. февруари) во рамките на првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.
ПЦР тестот кој Бајиќ го направи пред заминувањето е позитивен. Предводникот на нашиот национален тим останува во Скопје. Засега е во добра здравствена состојба, има примено три вакцини, па доколку не развие симптоми можеби ќе биде на клупата за реваншот со Грузија на домашен терен. Шансите се мали, но истите сепак постојат.
Македонската експедиција вечерва заминува за Грузија, таму ќе ја водат помошниците на Бајиќ, меѓу нив е Александар Јончевски, тренерот на Гостивар.