Периќ: Заслужено победивме, ова беше тежок меч!

177

Е.Пелистер дојде до четвртата победа во Европската лига, на домашен терен го совлада Кадетен со 27-26 во рамките на осмото коло. Ова беше директен дуел за второто место на табелата во групата Д, па сега битолчани имаат десет бода, еден помалку од лидерот Ним.

Божидар Мојсов, помошникот на Жељко Бабиќ излезе на прес-конференцијата по мечот.

„Тежок натпревар, покажавме дека имаме карактер дека заслужуваме да бидеме во оваа Лига. Имавме проблем, повторно не бевме комплетни, но имавме план, истиот добро беше спроведен, одбраната беше одлична. Благодарност до момците за нивната игра, покажаа дека се шампиони“, изјави Мојсов.

Периќ со седум гола беше лидер во редовите на Е.Пелистер, тој последниот погодок го постигна во вистинско време за водство од 27-25 и најава за победа.

„Честитки на Кадетен за добрата игра. Ова беше уште еден физички – силен меч. Ние бевме добро ментално и тактички подготвени. Се обидувавме да ја контролираме во текот на сите 60. минути. Имаа свои шанси, на крајот на наша среќа успеавме да победиме, имавме добар голман кога физички паднавме. Заслужено победивме“.

ПретходноБруно за голот на Мегваер: Конечно некаква корист од твојата голема глава
СледноЖозе ја дозна казната за жестоката реакција кон судијата