Петкоски и Стојкоски казнети, Глигоров останува тренер на Вардар!

3693

Како што дознава “Спортмедиа“, по лошата игра во Охрид и ремито во првото пролетно коло во ВМФЛ – ЗАПАД, било доста бурно во нашиот најтрофеен клуб клуб, во Вардар, во изминатите два дена.

Па така како што дознаваме, челните луѓе на клубот одлучиле да ги казнат Филип Петкоски и Трајче Стојкоски и тоа поради нарушување на кодексот на однесување. Тие биле казнети со три месеци без плата и 15 дена суспензија.

Инаку се разговарало и околу стручниот штаб на чело со Никола Глигоров. Тој засега останува шеф на струката, ја добил довербата, иако имало контакти со други тренери, па дури и странци. Сепак, Глигоров и натаму ќе го води тимот.

Вардар по 16.коло во ВМФЛ – ЗАПАД има минус 5 бодови во однос на втората Воска и дури минус12 бодови во однос на лидерот Силекс. Така да во оваа ситуација тешко дека може да се надева на враќање во елитата.

ПретходноНов проблем, Бајиќ нема да патува за Грузија!
СледноСкопјанецот Козлов падна на теренот, почна да се грчи, па потоа го победи Димитров! (ВИДЕО)