Познат е списокот на патници за Тбилиси, Македонија со подмладен состав против Грузија

278

Македонската кошаркарска репрезентација го одработи и вториот тренинг пред заминувањето за Тбилиси, каде за два дена ќе игра против Грузија во рамките на 3. коло од првата квалификациска фаза за пласман на СП 2023 година.

Добро е познато дека пред првиот собир селекторот, Драган Бајиќ се соочи со бројни откажувања, дел поради повреди, дел поради здрваствени проблеми. А за да ситуацијата стане уште комплицирана денеска предводникот на нашиот национален тим доби позитивен тест на Ковид-19, па тој ќе остане во Скопје. Вториот и последен тренинг во Скопје, го одработија неговите соработници Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ.

Нашиот национален тим (со прелет преку Истанбул) ќе пристигне во Тбилиси утре изутрина околу 05.10 часот. За 23. февруари (среда).

Од она што го имаше на располагање, стручниот штаб предводен од селекторот Бајиќ, се определи за следните кошаркари.

Бојан Крстевски

Андреј Митревски

Кристијан Николов

Војдан Стојановски

Максим Митевски

Павел Данаиловски

Тедор Симиќ

Дамјан Робев

Андреј Маслинко

Валмир Какруки

Џејкоб Вајли

Виктор Ефремовски   

ПретходноДончиќ се огласи по потегот на Џордан: Неверојатно – Ем Џеј го знае моето име!
СледноФФМ одржа семинар на кој учествуваа 62 медицински лица! (ФОТО)