Почина Бранислав Белевски – Будла, легендарниот масер на Вардар!

2579

Си замина Будла, си замина човекот кој беше дел од најголемите и историски успеси на Вардар. Човекот кој во своето срце го имаше “својот“ Вардар. Почина Бранислав Белевски – Будла, легендарниот масер или физиотерапевт на Вардар. Жална вест не само за клубот, за неговите фанови, туку и за сите фудбалски фанови во Македонија.

Будла не е веќе со нас, но ќе остане легендата за најдобриот, најголемиот масер кој некогаш Вардар го имал.

Човек кој не знаеше да се налути, фудбалерите ги сакаше како свои деца, секогаш знаеше да помогне ба било кого. Не зборуваше многу за време на натпреварите, но својата професија си ја почитуваше и тука беше “главен“.

ПретходноОбрван: Добро го познаваме Вардар, нашата цел е победа!
СледноБитка за второто место: Е.Пелистер со нови проблеми за дуелот со Кадетен