Како што стојат засега работите се чини дека се поизвесно е дека УЕФА ќе го промени домаќинот на финалето во Лигата на Шампионите. Овој меч од најквалитетното свестко клупско натпреварување одамна е закажан да се игра на 28 мај и тоа на “Газпром Арената“ во Санкт Петербург. Сепак со оглед на тенизите и веројатната војна меѓу Русија и Украина, најверојатно ЕУ ќе воведе најстроги санкции кон Руската Федерација. Тоа значи дека УЕФА ќе мора да го смени домаќинот, иако денеска од Европската куќа на фудбалот истакнаа дека ја следат ситуацијата, но дека засега нема никаква одлука на Санкт Петербург да му се одземе домаќинството.
Во случај тоа да се случи, стадион – домаќин на ова финале најверојатно ќе биде “Вембли“ во Лондон.