Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас зборуваше за своите планови да се вакцинира по четврти пат. За тоа дали во блиска иднина може во фудбалот да се случи она што му се случи на Новак Ѓоковиќ во Австралија тој одговори:
„Сакаме или не, одлуките на здравствените власти мора да се почитуваат. Во Шпанија вакцинирањето не е задолжително вклучително и во фудбалот. Jaс сум три пати вакциниран. Ако е потребна и четврта вакцина, прв ќе застанам во редот затоа што верувам во вакцините. Сметам дека е од витално значење, но нема да се мешам во одлуките на другите.
Дали невакцинираната личност е закана за општеството? Ако шпанските власти мислат така, нека ја направат вакцинацијата задолжителна“, изјави Тебас.