Наместо во Софија, Македонската фудбалска репрезентација својот пат во новата Лига на Нации на 2 јуни ќе го почне во Разград, каде што ќе го одиграме мечот против домаќинот Бугарија.
Вака одлучија Бугарите кои очигледно дека се исплашија дека во Софија, која што е далеку поблиску од Разград ќе пристигнат многу повеќе навивачи па затоа овој меч го оддалечи што е можно повеќе.
Македонија е во групата уште и со Грузија односно Гибралтар, а претходно секако на 24 март имаме далеку посериозна задача во полуфиналето од баражот за Мундијалот во Катар против Италија во Палермо.