Влаховиќ го постигна најбрзиот гол како дебитант во ЛШ (видео)

706

Само 32 секунди му беа потребни на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ да го постигне првиот свој гол во Лигата на шампионите. Тоа се случи вечерва на осминафиналниот дуел меѓу Јувентус и Виљареал на „Де ла Керамика“ во Шпанија. Влаховиќ пред неколку недели направи трансфер од Фиорентина во Јувентус, а ова му беше прв меч во Лигата на шампионите.

По 32 секудни ја затресе мрежата што е најбрз гол во ЛШ постигнат од дебитант. Со тоа го урна претходниот рекорд на Енди Мелер од 37 секунди во поразот на Дортмунд од Јувентус на домашен терен на 13 септември 1995 година.

ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

 

ПретходноЖозе ја дозна казната за жестоката реакција кон судијата
СледноШаќири ќе биде спортски директор на Шкендија