Дејан Георгиевски сепак со сребро на Президент купот

294

Македонскиот таекводно репрезентативец, Дејан Георгиевски е освојувач на сребрениот медал на Президент купот кој се одржува во Тирана, Албанија. Тој во финалето загуби од репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин од кого го загуби и големото финале на Олимписките игри.

Со ова Георгиевски забележа уште еден фантастичен резултат што му донесе 12 нови бодови, кои се и тоа како важни за настапот на следните Олимписки игри во Париз.

Георгиевски до финалето беше подобар од Ангелопулос од Грција, Ел ЖАзиди од Франција како и Хели од САД.

 

ПретходноСанкт Петербург ќе “извиси“: Финалето во ЛШ ќе се игра на “Вембли“!?
СледноОфицијално: Фјури VS Вајт на “Вембли“ на 23 април!