Тренерот Жозе Мурињо нема да може да ја предводи Рома на два едноподруго натпревари поради казната која ја доби за неговата реакција кон судијата во финишот на мечот со Верона. Рома губеше со 2:0, а потоа даде два гола и извлече бод. Жозе во последните моменти од мечот остро реагираше кон судијата Паирето притоа шутна топка кон трибините. Си доби црвен картон за тоа, а потоа беше откриено дека Португалецот му се обратил на арбитарот со зборовите: „Од Јувентус ли те испратија?“.
Дисциплинската комисија одлучи тој да биде казнет со 20.000 евра плус два меча на трибините што значи дека ќе ги пропушти натпреварите со Специја и Аталанта.
Откриено што му рекол Мурињо на судијата по црвениот картон со Верона