Кадетен падна во Битола: Периќ повторно јунак на Е.Пелистер

218

Е.Пелистер им се врати на победи во Европската лига. На домашен терен битолчани го добија директниот дуел против Кадетен Шафхаузен за второто место во групата Д, славеа со 27-26(15-12). По осмото коло единствениот македонски претставник во ова натпреварување има десет бода.

Во составот се врати Јосип Периќ во вистинско време, беше вистински лидер, со седум погодоци. Зад него беа Табоада и Манадалиниќ со по пет гола. Секељи и Кизиќ поделија по едно полувреме, заедно имаа осум одбрани.

Добра игра на македонскиот првак во првото полувреме. Дуелот почна изедначено, гостите во 11. минута поведоа со 4-6. Но, момците на Жељко Бабиќ брзо влегоа во ритам. Со головите на Табоада, Костески и Маркоски, и одбрана на Секељи поведоа со 8-6  во 18. минута. Филиповиќ го држеше својот тим, одбрани и седмерец, сепак ова не ги демотиривира ракометарите на Е.Пелистер. Периќ и Радовиќ, зголемија на највисоки 14-11 на две минтути до крајот на првото полувреме. Со истата позитива, битолчани заминаа на одморот (15-12).

Е.Пелистер во првата минута пропушти шанса да поведе со плус четири, по што следеше казна. Табоада, а потоа Костески заработија две минути исклучување, па Кадетен израмни на 17-17 во 37 минута.

Кизиќ влезе во серија на две одбрани, Мандалиниќ зголеми на 19-17. Битолчани имаа мал пад, поентираа“ после пет минути, на средината на вториот дел беше 21-18. Не застанаа во 50. минута имаа плус четири (23-19) по одбраната на Кизиќ. По последните 26-22 во 54. минута.

Кадетен предводен од Филиповиќ две интервенции во низа, дојде на минус еден (26-25), период во кој Мандалиниќ промаши од седум метри и направија едно пробивање. Исто, како првата средба, Периќ е јунакот на овој меч, овој пат погоди за сигурна победа на својот тим (27-25), на другата страна погодокот на гостите веќе немаше никакво значење.

До крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола, против Татабања на гости и АЕК Атина на домашен терен.

ПретходноАнглија ги трга мерките, Премиер лигата не
СледноБруно за голот на Мегваер: Конечно некаква корист од твојата голема глава