Нант и Кирил Лазаров пропуштија шанса да дојдат до големи бодови на дуелот против Лемго на гостински терен. Францускиот тим треба да жали бидејќи имаше отворен пат кон победата, водеше и со четири гола разлика, но домашниот тим успеа да се врати и со голот на Елисон да израмни на 37-37. На другата страна Лазаров имаше шут за победа, кој не заврши во мрежата на противникот.
Со еден бод од оваа средба, Нант остана на третото место на табелата зад Бенфика и Гог.
Најдобриот македонски ракометар не се запиша во листата на стрелци имаше два неуспешни обиди, најдобар беше Ривера со 11 гола од 12 обиди.