Официјално: МЗТ му врачи отказ на Радуловиќ!

343

Она што „Спортмедиа“ го најави, денеска е и официјално. Дарко Радуловиќ не е веќе тренер на МЗТ Скопје. Откако не успеа да го освои пехарот во Купот на Македонија, каде во финалето аеродромци загубија од ТФТ, раководството на нашиот шампион му врачи отказ.

Оваа вест за „Спортмедиа“ ја потврди и првиот човек на клубот Филип Ѓоревски кој истакна…

Да, се разделивме со Радуловиќ по неуспехот на тимот во Купот на Македонија. Новиот тренер ќе биде домашен и неговото име ќе се знае многу брзо. Не сакам да шпекулирам со имиња затоа што сеуште сме далеку од дефинитивен договор со било кој од кандидатите“ посочи Ѓоревски.

ПретходноПет службени порази и исто толку одземени бодови за Металург во Супер-лигата!
СледноДончиќ се огласи по потегот на Џордан: Неверојатно – Ем Џеј го знае моето име!