И официјално најавите се остварија. На 23 април годинава на “Вембли“ во Лондон ќе имаме боксерски спектакл во кој ќе учествуваат светскиот првак во супер – тешка категорија Тајсон Фјури и Дилан Вајт, и двајцата од В. Британија. Фјури ќе ја брани титулата во ВБЦ верзијата, а Вајт ќе се обиде да дојде до неа.
Се очекува на трибните да има 90.000 гледачи а Фјури ќе заработи најмалку 33 милиони евра, додека Вајт „само“ 8 милиони. Тука не се внесени хонорарите од ТВ правата. И за едниот и за другиот овие сум ќе бидат најголеми во нивните кариера.