Македонскиот интернационалец и младински репрезентативец Мартин Талаков, е нов играч на тимот на Жилина. Досегашнит член на тимот на Подбрезова, заминува во Жилина на шестмесечна позајмица со право на откуп на лето.
Мартин Талаков е еден од најтелентираните млади фудбалери кои излегле од Македонија во последниот период, и многу рано дебитираше во ПМФЛ во дресот на Академија Пандев. Одигра и извесен период во неговиот домашен Борец Велес, а потоа замина во Подбрезова.
Во Жилина ќе го наследи капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија, Енис Фазлагиќ кој зимава направи трансфер во тимот на Висла Краков.