ФФМ одржа семинар на кој учествуваа 62 медицински лица! (ФОТО)

171

Фудбалската федерација на Македонија организираше семинар за доктори и физиотерапевти кои работат во клубовите од МФЛ и нашите националните селекции.

На дводневниот семинар одржан во хотел „Хилтон“, учествуваа вкупно 62 медицински лица.

Предавачи на темите поврзани со дијагноза и третман на повреди во фудбалот беа Невзат Јонузи – спец. општа хирургија, Илија Стоилов – спец. спортска медицина, Небојша Настов – спец. трауматологија, Андреј Николовски – спец. дигестивна хирургија, Михајло Ивановски – спец. трауматологија, и Александар Савески – спец. трауматологија.

ПретходноПознат е списокот на патници за Тбилиси, Македонија со подмладен состав против Грузија
Следно„Жолта подморница“ пред Јувентус, Челзи е фаворит против францускиот првак