Христов: Една грешка против Шкупи не чинеше пораз

264

Тимот на Работнички на стартот од пролетната полусезона во ПМФЛ одработи тешка победа над Пелистер на гости, за да изминатиот викенд на Арената загуби од Шкупи со 0:1. Работнички на овој меч не беше инфериорен, напротив, имаше свои моменти, но сепак, противникот преку Радески успеа да постигне гол, вреден три бода.

„Знаевме дека не очекува тежок натпревар против Шкупи и сакавме да ги неутрализираме нивните добри страни. Тоа ни успеа во првото полувреме, Шкупи речиси и да не создаде шанса пред нашиот гол, а ние имавме и можности да отвориме противнапади. Во второто полувреме тие притиснаа силно, а ние почнавме да правиме непотребни грешки. По едно такво невнимание и се случи моментот на одлука. Не го затворивме Марјан Радески и тој успеа да постигне погодок. Треба да извлечеме поуки од овој натпревар и веќе да се фокусираме на следниот предизвик. В недела не очекува гостински дуел против ФК Скопје“, вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Борче Христов.

ПретходноОфицијално: Фјури VS Вајт на “Вембли“ на 23 април!
СледноБугарија ќе ја пречека Македонија во Разград