Шаќири ќе биде спортски директор на Шкендија

996

Легендарниот поранешен македонски фудбалер Артим Шаќири ќе се врати во Шкендија и тоа на позицијата спортски директор во клубот, пренесува „Open TV“. Според информациите од овој извор Шаќири денеска присуствувал на тренингот на екипата, па неофицијално наскоро ќе треба да ја преземе улогата на спортски директор.

Како тренер ги водеше уште Фљамуртари, Пемброк, Кукс, како и Шкендија од која беше дел од 2012 до 2013 година.

Претходно, Шаќири го носеше и дресот на тетовчани, тоа беше во 2007 година.

ПретходноВлаховиќ го постигна најбрзиот гол како дебитант во ЛШ (видео)
СледноЛазаров не успеа да донесе победа, Нант со реми кај Лемго